
Променливо облачно и нестабилно од пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.