Приведен скопјанец поради кражба на пари од возило

На 18.07.2021 од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода 48-годишниот Џ.Б. од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 09.45 часот на ул.„Војдан Чернодрински“, на паркинг простор пред деловен субјект, извршил кражба на пари од товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 41-годишниот З.М. од селото Черкези, кумановско.

Џ.Б. е приведен во Полициска станица Бит Пазар, кај него се пронајдени дел од одземените пари и вратени му се на З.М.. За настанот е известен дежурен Јавен обвинител и по документирање на материјалот ќе следува поднесок.