
Обилните дождови што ја погодија Романија во последните 24 часа предизвикаа поплави во 12 области и однесоа една жртва на северо-истокот на земјата.
Телото на удавен човек е изнесено од реката кај селото Хандрешти, во областа Иаси, соопшти денеска Генералниот инспекторат за вонредни состојби на Романија.
Поплавите ги зафатија областите Алба, Брашов, Караш-Северин, Дамбовица, Доj, Хунедоара, Јаси, Марамурес, Мурес, Неамт, Прахова и Темис, пренесува Танјуг.
Покрај тоа, електричната мрежа била оштетена во 22 области и погодила околу 7.000 потрошувачи.
Патиштата низ целата земја се оштетени од поплавите и паднатите дрвја. Чистењето сè уште е во тек во неколку области.