
Еден од најдобрите шутери во НБА лигата, сега 31-годишниот Клеј Томпсон, кој пропушти две сезони поради повреди, веројатно ќе го пропушти и почетокот на претстојната сезона (2021/2022) додека закрепнува од повредата на Ахиловата тетива.
Меѓутоа, тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, истакнува дека закрепнувањето на Клеј Томпсон, сепак, напредува.
„Томпсон е далеку од тоа дека ќе може да почен да игра, но кога можете повторно да трчате тоа е голем напредок. Ве боли додека трчате, но тоа е добро чувство бидејќи веќе долго сте биле надвор од терените. Исто така, тоа позитивно делува на психата на играчот“, изјави за американските медиуми Стив Кер.
Клеј Томпсон во финалето од плеј-офот во 2019 година против Торонто Репторс тешко го повреди коленото, а потоа во ноември минатата 2020 година подготвувајќи се за враќање на паркетот ја повреди Ахиловата тетива.