Лидерот на Демократска Бугарија ги повика колегите во парламентот да најдат решение за проблемот со Македонија

Во својот говор на отворањето на 46-то Народно собрание на Бугарија, лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, рече дека мора да се најде решение со Македонија.

Според Иванов, Бугарија мора да покаже цврстина, но и храброст и да најде решение за проблемот со Македонија во новиот парламент. Вистината, според Иванов, треба да се одбрани, но исто така и треба да се најде начин заедно да станеме членови на европското семејство, бидејќи, како што нагласи тој, тоа е бугарскиот национален стратешки интерес.

Во својот говор пред новото Национално собрание, Иванов, исто така, истакна дека нивните приоритети ќе бидат справување со новиот четврти бран Covid-19 и борбата против корупцијата