
По назначување на нов судија поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.
Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23-ти август 2021, ден потоа на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3-ти септември, додека за „Тендери“ на 6 септември, за што веќе се известени странките во постапката.
Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години возраст