
Времето во Македонија во средата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.
Утринската температура се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 Целзиусови степени.
Следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.