
Членовите од пратеничката група и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, со процедурални забелешки остро се спротивстави на самоволието на собранискиот спикер Талат Џафери за неделовничкото одбивање на амандманите и успеа да ја одложи најавената комисиска расправа за законот за лични карти.
Тензичната атмосфера на комисијата беше буквално разбиена со аргументираните забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Власта немаше аргументи и ја одложи седницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се спротивставува со сите демократски средства кои ни стојат на располагање