Венеција за малку избегна ставање на листата загрозени светски наследства

Венеција во четвртокот за влакно го избегна ставањето на листата на загрозени локации на светското наследство, како што предложи УНЕСКО малку пред владината одлука на туристичките крузери да им се забрани впловување во лагуната.

Комитетот за светско наследство на состанокот во кинески Фужу потврди дека е запознает со забраната којашто ќе стапи на сила на 1-ви август. На италијанските власти им е одреден рокот до 1-ви декември 2022 година да известат за напорите вложени во заштитата на извонредниот екосистем во историското наследство на Серенсима.

Доколку долгорочно не биде ниште преземено, Венеција може да биде исклучена од листата на Светското наследство на којашто градот е од 1983 година, што во средата му се случи на англоскиот пристанишен град Ливерпул поради продолжените градежни зафати на викторијанските докови.

Впишувањето на листата загрозени светски културни наследства не е „казна“, иако може да се доживее како „срам“, велат во оваа агенција на Обединетите нации за култура, наука и образование.

Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката, ратификувана и поркај воздражаноста на Норвешка, откако владата во Рим во последениот момент, на 13-ти јули ја донесе уредбната според којашто „морските мастодонти“ повеќе нема да можат да влегуваат во историскиот центар на Венеција.

Италија, пред 46-от состаник на комитетот во 2023 година мора да разработи предлог и низа корективни мерки со рок на спроведувањето, предупредува УНЕСКО, кој од Рим побара и ажуриран извештај за состојбата со зачуваноста до 1-ви декември 2022 година.

Активистите за заштита на природната средина и културното наследство тврдат дека брановите кои ги создаваат големите бродови, долги и по повеќе стотини метри и високи повеќе катови, ги нагризуваат темелите на Ла Серенисима (Венециската Република) и го загрозуваа кревкиот екосистем во лагуната.