Одлуката со која Валентин Инцко за измени на Кривичниот законик на БиХ со кои се забранува и казнува негирањето на геноцидот и величање на воени злосторници за Додик е омраза кон Србите
Одлуката со која Валентин Инцко, високиот претставник во БиХ во заминување, наметна измени и дополнувања на Кривичниот законик на БиХ со кои се забранува и казнува негирањето на геноцидот и величање на воени злосторници, покажува дека тој е типичен србомразач и веднаш велам дека Република Српска тоа го отфрла, рече Милорад Додик член на Претседателството на БиХ на прес-конференција во Бања Лука.
– Тој нема право да го стори тоа, ова е законски неоснована одлука, Република Српска го отфрла ова. Ова не е одлука со која се оди напред. Тој не требаше да замине со таква одлука, рече Додик.
– РС го отфрла тоа, геноцид не се случи, Србите никогаш не смеат тоа да го прифатат. Ова е последниот клинец во мртовечкиот ковчег на БиХ, рече Додик и додаде дека „оваа одлука ќе посее многу зло”.
– БиХ не може вака да функционира, РС треба институционално да одговори. Ќе закажеме седница на Националното собрание на РС. Ние сме принудени да тргнеме во процес на дисолуција, рече тој.