Франција го изгласа законот со кој треба да го сузбива радикалниот исламизам

По долгите месеци јавни дебата, претениците на франциското Народно собрание во петокот го изгласаа критикуваниот закон со кој би требало да се сузбива радикалниот исламизам и да ги „јакен принципите на Републиката“, но незадоволни тужби најавуваат и од левицата и од десницата.

Законот под насловот „Почитување на начелата на Републиката“, е прифатен со гласотив на 49 пратеници со 19 против и пет воздржани, го олеснува распуштањето на здруженија и организации кои ги доведуваат во прашање француските републикански вредности, пренесува агенцијата AFP.

Законот содржи низа мерки кои треба да обезбедат неутралноста на јавните услуги, да го сузбиваат говорот на омраза на интернет, да ги штити функционерите, сужбениците и наставниците, засилено да ги контролира здруженијата, да обезбеди подобра транспарентност во работата на верските објекти и храмови и начините на коишто се финансираат. Посебна низа мерки се однесува и на семејството: борбата против полигамијата и присилните бракови, како и против потврдата за девственост.

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата ввлада сакаат да го сузбијат растечкото влијание на радикалниот исламизам врз младите и ранливите категории луѓе во некои џамии, исламски мрежи и околу училиштата. Макрон овој закон го најави во октомври минатата 2020 година по неколкуте смртоносни напади со исламистичка заднинана и вети дека ќе го сузбие исламистичкиот сепаратизам по нападите во коишто од 2015 година во Франција се убиени повеќе од 265 луѓе.

„Со законот добиваме средство за борба против оние коишто ја користат религијата за да ги доведуваат во прашање вредностите на Републиката“, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дерманен, кого го цитира агенцијата DPA.

Премиерот Жан Кастекс изминатиот период постојано истакнуваше дека законот не е насочен против религиите, меѓутоа критичарите му забележуваат на тоа што текстот содржел елементи кои во неповолна позиција доведувал дел од муслиманската популација во Франција.

„Никогаш нема да го изедначиме радикалниот исламизам со муслиманите и веруваме дека муслиманите се меѓу првите жртви на таквата идеологија“, рече Кастекс минатата година во интервјуто за дневниот весник Le Monde.

Дневниот весник Le Figaro пишува дека на овој закон пред Уставниот суд ќе се жалат и политичари од левицата и од десницата.

Претеници од левицата и од десницата гласаа против, но секако од различни причини. Социјалистите сметаат дека законот не ги почитува здруженијата, а десницата оценува дека законот е млак и содржи „некакви меркички“ без вистински амбиции да му се „стави крај на исламизмот“.

Крајната десница на Марин Лепен се воздржа од гласањето.

Текстот на законот уште претходно го нападнаа одредени челници и исламистички движење од странство, а особено турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган што долеа масло на огнот на постојните геополитички тензии и напнатости меѓу Париз и Анкара.

Расправата за лаицитетот и местото на исламот во Франција редовно води во полемики за носење или забраната за носењето на муслиманските прекривки за лицето или целото тело како хиџабот, за специјалните училишни програми или посебните базени само за муслиманските жени и слично.

Последните децении бројот на жителите со муслиманска вероисповед во Франција е силно зголемен и во моментов изнесува 9 отсто од вкупната популација.