
Хрватскиот ракометен репрезентативец, 27-годишниот Јосип Божиќ Павлетиќ, во петокот официјално беше промовиран како новo засилување на македонскиот вицешампион „Еурофарм Пелистер“.
Хрватскиот ракометар дојде од редовите на бундеслигашот Гепингем и со екипата од Битола потпиша едногодишен договор, со опција за уште продолжување на соработката за уште една сезона.
„Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона“, изјави Павлетиќ за клупскиот сајт.