
Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност, со слаб до умерен ветер од северен правец и максималната температура од 27 до 35 степени.
Во Скопје исто така сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температирата до 32 степени и УВ-индекстот со вредност 8.