
Комисијата за европски прашања на Собранието денеска треба да ја одржи својата 23 седница, на чиј дневен ред е само една точка.
Членовите на Комисијата ќе треба да расправаат за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање.