
Македонската ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ги видиме на ЛОИ во Токио.
Делегирани се да ја делат правдата на натпреварот меѓу Португалија и Египет на машкиот ракометен турнир во Токио, натпреварот ќе започне во 12:30 часот.
За судискиот пар ова е продолжување на традицијата со учества на големите турнири, особено на олимпијадите.
На машкиот ракометен турнир во ЛОИ, златниот медал го брани Данска.