
Едно лице загина а уште неколку се повредени во сообраќајната несреќа која се случила доцна попладнето на магистралниот пат Охрид – Кичево, информираше полицијата во неделата вечерта.
Според СВР Охрид, сообраќајната несреќа се случила околу 18,20 часот кај селото Врбјани кога се судриле автомобили „голф“ и „тојота“. Возачот од „голфот“ починал на самото место, а има и неколку повредени. Идентитетот на настраданите ќе биде дополнително објавен.
Увидот сѐ уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.
Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со голем застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво.