
Полицијата од Дебар, ноќта кон неделата околу половина час по полноќ на улицата „8-миСептември“ во Дебар го лишила од слобода 37-годишниот Н.И. од Дебар, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага и две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.
Од МВР дополнуваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.