Опишано сценариото за кошмарната светска војна во 2034-та

Пензионираниот американски адмирал, поранешен главен командант на здружената команда на НАТО, Џејмс Ставридис, и писателот воен ветеран Елиот Акерман во книграта „2034: Роман за војната која доаѓа“ раскажуваат како би изгледал евентуалниот планетарен воен конфликт во иднина, а извадок од ова дело објави изданието National Interest.

Како што проектираат авторите на романот, судир меѓу САД и Кина во спорните води на Јужно-кинеското Море во 2034 година ќе доведе до „глобален пожар“. Светот се развива забрзано, па дроновите и автономно наведуваната борбена опрема без екипажи ќе надвладеат на бојното поле.

Вистинските воени дејствија ќе бидат придружувани со хакерски напади од големи размери врз непријателскиет системи, сметаат Ставридис и Акерман.

Американскиот адмирал е убеден дека Соединетите држави ќе мора да обучуваат малу групи елитни специјални единици коишто ќе се интегрираат во големи комплекси базирани на напредувачката биотехнологија.

Како што истакнуваат авторите, во моментот големи сили продолжуваат „да создаваат и да се опремуваат со оружја дизајнирани за конфликтите од минатото“, но важно е да се сосредоточат на беспилотните или автономни оружени системи.

Во 2034 година, американски воени разорувачи впловуваат во водите на Јужно-Кинеското Море каде наидуваат на тешко вооружен кинески брод. Битката се разгорува. Немилосрдните кибернетички напади се новата способност на САД за стретешко дејствување, а разорните поморски битки доведуваат до илјадници загубени животи на двете страни. Ова е кошмарното сценарио замислено како фикција во неодамна објавениот роман.

„Оваа јасно напишана и добронамерна книга звучи како предупредување за светот окован во машините кои ги носиме во своите џебови и ги ставаме в скут, додека само нејасно разбираме како информациите може да бидат складирани и споделени и експлоатирани од овие уреди“, пишува весникот The Washington Post во рецензијата на романот.

Според Ставридис, романот е „приказна за претпазлива фикција“ која ја користи богатата раскажувачка традиција во ерата на блоковската идеолошка Студена војна меѓу САД и тогашниот СССР, која можеше да заврши со апокалиптична катастрофа за целата планета.

„Делумно зашто никогаш не завршивме со употреба на нуклеарното оружје меѓу себе за време на Студената војна е тоа што замислувавме колку тоа би било страшно, колку би било сеопфатно и деструктивно за општеството“, вели адмиралот за The Washington Post.

Ставридис додава дека се надева оти неговата приказна ќе може да ја освести јавноста за мрачните последици од вистинска војна меѓу САД и Кина.

„Романот поставува прилично веродостојна скала на ескалација којашто преминува од конвенционален напад во втор конвеционален напад, во трет конвенционален напад на Америка која одлучува да го повлече тактичкото нуклеарно оружје и да го употреби“, додава Ставридис.

„Тоа е пореално (во перспектива) отколку посакувам да беше“, вели уште адмиралот.