
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) соопшти во понеделникот дека стапката на ширење на Covid-19 е забрзана во некои земји од Европа, а според податоците кои се темелат на извештаите од националните агенции, во последните шест месеци Грција и Кипар имаат највисоки стапки на инфекција од пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број на инфекции.
Европа досега има пријавено 58,74 милиони заразени и повеќе од 1,2 милиони смртни случаи.
Според анализата на моменталната состојба во Европа, најмногу дневни инфекции се регистрираат во Велика Британија, каде има по над 40.000, потоа во Шпанија со околу 25. 000 случаи дневно, во Франција со 16.100 случаи во последните 24 часа, додека два дена по ред имаше по 21.000 новозаразен со Covid-19.
Грција минатата седмица соопшти за најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, односно 4.300 случаи, а Кипар, исто така, го достигна најголемиот дневен број на заразени лица со Covid-19, односно 1.000 во едно деноноќие.