Жител на скопско Шишево примен на Клиники со повреда од огнено оружје

Во неделата околу 15,20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од залутано зрно бил донесен 37-годишниот С.С.

Инцидентот се случил во селото Шишево, во скопската општина Сарај, за засега не се познати други поединости. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.