184 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 23 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, шест за непрописно престигнување и обиколување, 45 за непрописно паркирање.