
Премиерот Зоран Заев итно да се повлече од вчерашните обвинувања упатени кон јавната администрација и да им се извини на сите административци дека се корумпирани, повика Алијанса за Албанците.
– Амнестирањето на министрите и директорите од корупција и обвинувањето на административците за неодамнешните процени на Стејт департментот е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови. Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал – велат од Алијанса за Албанците.
Од партијата бараат итно да запрат нападите врз јавната и врз државната администрација, бидејќи според Алијанса, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа.