
Во вторникот утрото околу 3,45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес“, со италијански национални ознаки, управувано од 40-годишниот А.У. од селото Теарце, тетовско, и товарно возило „фиат дукато“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Х.Е. од Гостивар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило. Н.И. на 35 години од Тетово, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот од товарното возило 54-годишниот Ш.К. од селото Здуње, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар, информира полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.