
Рано изутрина во 0:50 часот на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево, опожарено е возило марка „фолксваген пасат“ со странски регистарски ознаки. Од пожарот, предизвикан од непознати причини, нема повредени лица.
-Рано изутрина во 00.50 часот на улица „Драге Карбучанец“ опожарено е патничко моторно возило со странски регистарски ознаки. Во време на пожарот возилото било празно и нема повредени лица. Со интервенција на екипа од ТППЕ Кичево пожарот е изгаснат и спречено е негово натамошно ширење, информира Горан Соколески, командир на Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.