
До 15 септември со секоја купена полиса за патничко осигурување од „Кроација осигурување“ на корисниците им следуваат тестови за ковид-19 по повластена цена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Повластената цена за добивање на PCR тест, односно за молекуларна детекција на SARS-CoV-2 за сите иматели на патничко осигурување од „Кроација“ изнесува 950 денари. Во понудата е вклучен и брз антиген ковид-19 тест со цена од 900 денари, а резултатите од тестирањето се добиваат за 40 минути, соопшти „Кроација осигурување“.