
Токио денеска го пријавија својот најголем број заразени со коронавирус во текот на едно деноноќие – рекордни 2.848 случаи од почетокот на пандемијата.
Бројката е регистрирана само неколку денови откако јапонската престолнина на 23 јули и официјално стана домаќин на Летните олимписки игри.
Претходниот рекорд според бројот на новорегистрирани случаи на коронавирус во Токио изнесуваше 2.520, колку што беа регистрирани на 7 јануари.
Во Токио на сила се вонредни епидемиолошки мерки додека траат Олимписките игри.
Олимпијадата се одржува без присуство на гледачи, а огромен процент од јапонското население се противеа Токио да биде домаќин на најголемата спортска манифестација.