
Парис Хилтон е бремена, таа го очекува првото дете со верениот Картер Реум, ваква вест одекна во светските медиуми.
Нејзиниот тим не сакал оваа вест да ја коментира за медиумите, но дека Парис е бремена, според медиумите, потврдуваат и нејзините наводи на почеток од годинава кога таа зборува за вонтелесно оплодување.
Тогаш во едно интервју откри дека се одлучила за вонтелесно оплодување за да биде сигурна дека ќе и се исполни желбата да има близнаци, момче и девојче.
-Одлучивме така бидејќи на тој начин можам да добијам близнаци, изјави тогаш познатата хотелиерка која додала дека таков совет добила и од долгогодишната пријателка Ким Кардашијан која две деца доби со помош на сурогат мајка.
Таа потврдила тогаш дека веќе го завршила процесот на јадење на јајни клетки и дека е среќна што со партнерот се одлучиле на таков чекор.
Но, по ваквите веста се огласи и Парис демантирајќи дека е бремена. Вели дека чека да прво да го соблече невестинскиот фустан, па потоа да забремени.
За потсетување, Картер ја запроси Парис на 17 февруари на нејзиниот 40 роденден.