Aлтернатива: „Титаник 3“ ја потопи правдата и демократијата во Македонија

Повторувањето на судењето на случајот „Титаник 3“, каде високи функционери на ДУИ беа обвинети за изборна манипулација, односно кражба на гласови и на граѓанската волја на локалните избори во 2013 година, е застрашувачко и предупредување дека оваа Влада се одлучува за стариот терк на обиди за победа на претстојните локални избори во октомври. На овој начин, како и во безброј други примери, демократијата кај нас потона, реагира Алтернатива.

– И, ова не е ниту прв пат, ниту последен пат, да се легитимира манипулацијата со волјата на граѓаните. Всушност, и на локалните избори во 2017 година, сите владејачки партии се ангажираа со целиот државен апарат и ја украдоа победата на тогашниот кандидат во Чаир, Зеќирија Ибрахими, и никој до ден денес не нè бил повикан да одговора за оваа државна интервенција во основното право за непречено и слободно гласање – велат од Алтернатива.

Според партијата, судството и Владата можат да ги ослободат крадците на гласовите, но тие не можат да ја спречат волјата на граѓаните, која денес е поодлучна од кога и да е, да ги симне од сцена узурпаторите на гласовите.