
Директорот на Фондот за иновации и технлошки развој (ФИТР), Коста Петров, си ги скршил двете раце откако паднал од велосипед.
Тој на Фејсбук напиша дека и двете раце му се ставени во гипс, но дека се чувствува подобро и дека му следува период на рехабилитација.
„Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на кејот на Вардар и чекаа со мене додека дојде возилото на Брза помош, особено Перо Камиказа. Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до д-р Александар Трајановски и д-р Александар Савески, за грижата и за посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште позабрзано темпо“, напиша Петров на својот Фејсбук профил.