
Пентагон соопшти дека ќе наложи носење заштитна маска во објектите на министерството за одбрана, односно во подрачјата каде постои сериозно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 и трансмисија на вирусот.
Оваа одлука е донесена по советите објавени од Центарот за контрола и превенција на болести, а во врска со носење маска за вакцинирани американски граѓани, пренесува Ројтерс.