
Амбасадата на Русија денеска на официјалниот фејсбук профил упати честитка по повод националниот празник 2 Август – Илинден.
„Срдечно Ви го честитаме празникот со големо историско значење за македонскиот народ – Илинден! Денеска заедно со вас со положување цвеќе на Мечкин Камен, во Пелинце и во Скопје ќе им оддадеме почит на славните македонски борци за слобода и независност! Честит Илинден! За многу години!,“ стои во честитката на фејсбук статусот на Амбасадата.