Армијата ќе го гасне пожарот во Кочани, а утре ќе интервенираат воздухопловите

Вечерва во Крушево, началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, објави претседателот Стево Пендаровски.

– Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терени ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба – објави Пендаровски

Тој информира дека наредбата како врховен командант за ангажман на армијата со целосен капацитет ја дал во 16.30 минути.

Во текот на денот биле ангажирани околу 170 припадници на Армијата.