
Бројот на загинати луѓе во пожарите во Турција се искачи на осум, а повредени се стотина луѓе.
Пожарникарите од 28 јули се борат со огнената стихија која и се заканува и на летувалиштата во егејскиот регион.
Продолжува евакуацијата на туристите и локалните жители од Бодрум и од Мармарис.
Повеќе од 120 пожари веќе се изгаснати, но локалните и меѓународните пожарникари се обидуваат да стават под контрола уште седум, а силниот ветер го отежнува нивното гаснење.
Метеоролозите предвидуваат следните денови температурата да се искачи над 40 степени Целзиусови, со што се зголемува ризикот од избувнување на нови пожари.