
Во тимот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓаат двајца Американци, поточно 31-годишниот Дастин Ваер и 24-годишниот Хуан Дејвис.
Ваер настапува на плејмејкерската позиција, а поседува сериозно искуство. Преку Цибона, разигрувачот играше во Улм, Јашеберени, ЗТЕ, Виши, Булазак, Лукоил Акадамик, Колосос и последните две сезони настапуваше во полски Шчекин.
Од друга страна, Дејвис е крилен центар и пристигнува од Феенорд. Покрај холандскиот тим, настапуваше уште за Нокиа и Каухајон.
Во тимот на МЗТ и следната сезона ќе настапува репрезентативецот Кристијан Николов, како и Дамјан Стојановски.
Покрај нив, договори со клубот имаат Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев, а од таборот на аеродромци најавија дека ќе дадат шанса на четири младинци во првиот тим.