
Сопругата на покојниот Коби Брајант пристигна во Дубровник во друштво на децата и семејството на шпанскиот кошаркар Пол Гасол. Гасол и Брајант беа долгогодишни соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс, а пријателството на нивните сопруги трае од тоа време.
Ванеса Брајант откри дека пристигнала во Дубровник за да ја исполни желбата на нејзината ќерка Наталија, на која Коби ѝ дозволил да дојде во Хрватска на средношколско патување, пред да загине во хеликоптерската несреќа.
Но, друга причина за нејзиното пристигнување во Дубровник е светски познатата серија „Игра на тронови“, снимена токму на хрватското крајбрежје.