Илиевски: Ако се плашиш од свирежи од своите граѓани најдобро е да се повлечеш од функцијата!

Пендаровски не одржа говор на Мечкин Камен за да немало свиркање. На местото каде пред 118 години луѓето не се плашеле од свирење на куршуми покрај нивните глави, на местото каде некогаш претседателствувал Карев, денес во тишина осамна стратегијата за „обединување“ преку елиминирање на „стравот од свиркање“. Притоа, „свиркањето“ никогаш не било погласно од денес, коментира Богдан Илиевски.

Но, се надевам дека ќе ја следи оваа своја стратегија и до крајот на мандатот нема да одржи ниту еден говор – за да нема свиркање, нели. Бидејќи кога немаш што да кажеш, некогаш е подобро да молчиш.

А, ако се плашиш од свирежи од своите граѓани, од оние кои те бираат, најдобро е да се повлечеш од функцијата и да си држиш говори по дома, каде веројатно не наидуваш на свирежи.
Дудук – пишува Илиевски.