
Во Скопје, на крстосницата од булеварот Никола Карев Самоилова и улицата Максут Садик се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.