
Пожарот што вчера доцна попладне избувна во месноста Пасјак, меѓу Делчево и Пехчево уште е активен.
Состојбата е смирена, но војската и дел од граѓаните уште се на терен и го гаснат огнот.
Во сведоштво за „Фактор“ жителите велат дека во големото пространство, кое според жителите, е некаде во радиус од околу 5 километри, пожарот ја зафатил цела Средна Планина и при тоа е направена огромна материјална штета. Изгорена е целата паша за стоката, велат тие, но за среќа, навреме се евакуирани во Делчево сите неподвижни лица.