
Турската терористичка организација Деца на огнот ја презеде одговорноста за подметнувањето пожари во познатите одморалишта Мармарис, Анталија и Бодрум. Организацијата соопштија дека на тој начин сакале да им се одмаздат на турските власти.
Во Турција активни се 8 пожари. Опасноста за одморалиштата не е помината соопштија противпожарникарските екипи. Досега во пожарите во Турција загинаа 10 лица. Борбите со шумските пожари продолжуваат и на грчкиот полуостров Пелопонез, во делови на Италија. Русија, и Албанија. Грција и Турција се погодени и од горештини со темпаратури над 40 степени Целзиусови. Според некои метеролози во Грција следните денови термометрите можат да покажат рекордни вредности, односно да бидат измерени над 48 степени .