
Натпреварот од првото коло во Купот на Германија помеѓу Баерн Минхен и Бремер, клуб од 5. дивизија е одложен на неодредено време.
Средбата беше закажана за в петок, но е откажана поради наметнатите карантински мерки за домаќинот, клубот од Бремен.
Германскиот фудбалски сојуз во блиска иднина ќе се обиде со клубовите да се договори за нов датум за натпреварот.