
Денеска се регистрирани 219 новозаболени со ковид-19, четири лица починаа, додека како оздравени се водат 30 пациенти, информира министерството за здравство информира
Во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на ковид-19: Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница по четири, Прилеп и Кочани по три, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар по две, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево по едно лице.
Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово по едно.
Пријавени се четири починати лица : две лица од Скопје (61 и 66) и едно лице од Тетово (76) и Кичево (76) починати во болнички услови.
Направени се 4.713 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-43, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-8, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 7, ГОБ 8-ми Септември-13, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-208, Биотек-138, Систина-115, лабораторија Лаор-636, Синлаб-80, Ремедика-12, Плодност–30, Генеа–3, Никоб лаб-811, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.999.
Досега во земјата се направени вкупно 999.203 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926 бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи изнесува 955.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 69.044, активни 275, Куманово 8.991, активни 90, Прилеп 8.346, активни 16, Тетово 7.629, активни 285, Битола 6.348, активни 38, Велес 5.481, активни 5, Гостивар 5.280, активни 84, Кавадарци 5.162, активни 6, Охрид 5.032, активни 11, Штип 4.972, активни 8, Струмица 4.157, активни 27, Струга 2.995, активни 12, Кочани 2.807, активни 11, Кичево 2.631, активни 23, Гевгелија 2.197, активни 1, Неготино 2.184, активни 0, Свети Николе 1.528, активни 3, Ресен 1.235, активни 1, Крива Паланка 1.227, активни 0, Радовиш 1.167, активни 5, Берово 1.041, активни 9, Делчево 974, активни 0, Дебар 973, активни 29, Виница 890, активни 4, Пробиштип 789, активни 0, Валандово 674, активни 6, Богданци 494, активни 0, Крушево 490, активни 0, Демир Хисар 400, активни 0, Демир Капија 396, активни 0, Кратово 377, активни 0, Македонски Брод 360, активни 1, Пехчево 273, активни 4, Македонска Каменица 250, активни 1 и Дојран 132, активни 0.