
Не се плашам од смртта затоа што еден ден сите ќе умреме. Единствената работа што не се знае е кој ќе живее подолго, а кој пократко, ама со сигурност сите ќе се соочиме со смртта,. Што се однесува на мојата изјава дека немам страв од смртта, можам да кажам дека јас живеам гратис веќе 20 години, оти во 2001 година бев убиен. Ова вечерва го кажа Стојанче Ангелов во телефонско вклучување во емисијата Јади бурек на ТВ Сонце.
Тој рече дека пожарот во ОХИС е ставен под контрола, но дека нов пожар пред еден час избувнал во околината на Кавадарци.
– Пред еден час ми се јави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој ми соопшти дека пожар избувнал во околината на градот, на многу непристапно место. Противпожарните екипи се упатија натаму, а за жал, хеликоптерите не можат да помогнат во ноќните часови кога нема видливост – рече Ангелов.