7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

(ФОТО) Хаос во Скопје: Дрво падна врз три автомобили кај Зелен пазар во Центар

ФОТО:24ИНФО.МК

Големо дрво се откорна и падна од силниот ветер во центарот на Скопје.

Инцидентот се случил на паркингот зад Зелен пазар, при што дрвото паднало и оштетило три паркирани автомобили.

Засега не е познато дали силниот ветер попладнево предизвикал и други штети во градот.