Пожари попладнево избувнале во скопско Ракотинци и Добри дол, граѓаните бараат помош

Пожари попладнево избувнале во селата Ракотинци и Добри дол, скопско. На социјалните мрежи граѓаните велат дека во Ракотинци пожарот е под црквата „Свети Илија“. Гори и во Добри дол над селската црква. Не знаат каде да се обратат бидејќи од противпожарната служба никој не крева телефон.

Пожар во Добри дол над гробиштата, во нивите! Се шири накај куќите! Како да пријавам кога Противпожарната служба не ми крева?