Предупредување во Грција: Поради пожарите сите добиле СМС предупредување

Сите граѓани и туристи кои се наоѓаат во Грција вечерва добиле СМС предупредување за пожарите. Пораката не треба да предизвика паника кај граѓаните и кај туристите, туку да ги предупреди на поголема внимателност.

Поради екстремно високите температури следните денови исто така ќе постои висок ризик од пожари во многу области во Грција. На сите туристи им се советува во наредните денови да избегнуваат какви било активности кои би можеле да предизвикаат пожар како што се скара на отворено, палење на оган, фрлање опушоци од цигари.

Најкритична е ситуацијата во Атина каде се активни повеќе пожари. Автопатот од Ламија до Атина е затворен. Критично е и на Евиа. Доколку планирате со автомобил да одите за Пелопонез возете по Јонскиот автопат и заобиколете ја Атина.