
Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја утре од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Сердарот“, „Речиште“ и „Нагоричанска“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре ќе бидат и корисници од општината Ѓорче Петров: од 8 до 13 часот – дел од населбата Стопански Двор, во околина на „Галафарм“, од 9 до 13 часот дел од улиците „Браќа Чакреви“ и „Мис Стон“ (од бр. 2 до бр. 10) и од 9 до 14 часот – корисниците од дел од ул. „Воин Драшкоци“, односно објектите со бр. 23, бр. 25, бр. 27 и бр. 29.