
>Најдобриот македонски судиски пар Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија огромна чест – ќе го судат финалето на олимписките игри помеѓу Данска и Франција.
Веќе долго време Николов и Начевски во групата на елитни судии кои ја добиваат довербата од ЕХФ на најавжните натпревари, а ова финале е само уште една потврда за нивната одлична работа.
Ќе потсетиме дека тие го судеа и финалето на последното Европско првенство во јануари на кое Шпанија ја победи Хрватска.
Финалето е закажано за утре во 14:00 часот и ќе се игра во „Јојоги Насионал Гимназиум“ во Токио.