Обложувалниците имаат клуб фаворит за Меси

Лионел Меси стана слободен агент, а букмејкерите во светот веќе се фатија за работа и ги составвија коефициентите околу следниот клуб на аргентинскиот ас кој по повеќе од дваесет години си заминува од Барселона.

Поради огромните финансиски долгови, Барселона не успеа да ги покрие прописите на Примера и по автоматизам не можеше да потпише договор со Лионел Меси.

Англиска „Скај Бет“ веќе ги објави квотите за следната дестинација на Меси. Апсолутен фаворит е француски ПСЖ, за кого коефициентот е 1.90. Втор фаворит, интересно, е Барселона која ќе се обиде да ги покрие долговите, па ако може да го задржи Меси со квота 3.50, но тоа е практично невозможно сценарио.

Трет на листата е Манчестер Сити за кого квотата е 4, па следи МЛС-лигата со 13 квота, аргентински Њуелс со 15 квота, за калчолигашот Интер квотата е 16, па доаѓа Манчестер Јунајтед со 19 квота, а тука се и Челзи и Јувентус за кои коефициентите се 21.