
СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде е лидерот Христијан Мицкоски и дали е на одмор во Црна Гора или во некоја друга земја?
СДСМ вели дека Владата е во постојано заседание откако потпретседателот на Владо Мисајловски денеска обвини дека Македонија гори, дека власта прогласила кризна состојба и потоа ја снемало.
– Го оставија народот сам на себе. Граѓани со лопати и со кофи гасат пожари, мака мачат да си го заштитат животот и имотот, да ја спасат Македонија, кој со што може и има. Неспособноста и неодговорноста на власта се гледа на секој чекор. Едноставно затаи системот на заштита, бидејќи доколку имаше навремена системска реакција, пожарите немаше да ескалираат. И три дена нема ни трага ни глас од Заев. Тој е првоодговорен за состојбите. Не може неговиот одмор да биде поважен од животот на граѓаните. Тој и сите функционери се платени од парите на граѓаните, истите оние кои што сега се борат за жживот и молат за помош – рече Мисајловски.
„Владата е во постојано заседание, министри се на терен секојдневно, државата, институциите се тука за граѓаните, системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, приведени се и осомничени лица за подметнување пожари“, реагира СДСМ.