
Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ.
– СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања. Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап – рече Јашаревиќ.
СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат“.